51-годишниот Џ.Ќ. од селото Црнилиште, Општина Долнени е приведен откако на Фејсбук објавил видео како прво пука со пушка, а потоа и со пиштол.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека трагаат и по неговиот син, А.Ќ..
Кај Џ.Ќ. бил извршен претрес и се пронајдени неколку парчиња на оружје, за кои имал дозвола
Пронајдена е полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор, инсталиран во домот.
Истото е одземено поради сомнение за извршено кривично дело од членот 288 од Кривичниот законик, во кој е санкционирано делото предизвикување општа опасност.
За него ќе следува и постапка за одземање на дозволата за поседување оружје.
Фото/видео: МВР