еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Еди Рама грубо оттурна новинарка, не планира да се извини

Албанскиот премиер Еди Рама предизвика инцидент, оттрнувајќи грубо новинарка, која му поставуваше прашања за финансирањето на новото пристаниште во Драч и праксата на инвеститорите да им се отпишуваат трошоците за земјиште и данок.

По бурните реакции во земјата, Рама порача дека не планира да се извини.

„Не, жалам, не само што нема да се извинам, туку ја отфрлам целата окарактеризација „лидер кој покажа презир кон критичкиот печат“, што едноставно не е точно затоа што поминаа години откако не се занимавам со било каква легитимна жестока дебата со кој било новинар“, напиша меѓудругото Рама на социјалните мрежи.

Фото: Влада/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Болен бев наставничке“: Урнебесни твитер реакции за „враќањето“ на Мијалков

Редакција

Сашо Мијалков излегува порано од затвор

Редакција

(Видео) Само 12 граѓани протестираа денеска за убиството на Вања

Редакција