еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сашо Мијалков излегува порано од затвор

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков ќе излезе од затвор четири месеци порано, односно на слобода ќе биде од крајот на декември годинава.

За оваа одлука денеска информира Кривичен суд Скопје, откако Апелациониот суд ја уважи неговата жалба и предметот „Империја“ го врати на повторно судење.

„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на директорот на казнено поправната установа.

Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“, велат од Судот.

Мијалков по спогодбата со Обвинителството за „Империја“ доби три години затвор, а казната ја отслужува во затворот во Струга. Му беше одземен и имот вреден околу 30 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација ја прифати жалбата на Мијалков за неговото барање за условен отпуст

Кои се најголемите должници на новата Листа на УЈП, меѓу нив се уште и фирмите кои се поврзуваат со Мијалков

Сашо Мијалков ослободен за „Трезор“, случајот за набавка на опрема за следење од Британија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од партијата на Љубчо Георгиевски за оштета која Македонија треба да и ја плати на ОКТА виновен е Уставниот суд

Редакција

Две лица се ранети при пукањето во „Ист Гејт“, тешко бил повреден Раде Трајковски Штекли

Редакција

Почина родилката од Куманово заболена со коронавирусот, имаше само 27 години

Редакција