Како и што најавија вчера студентите денеска на заеднички час во голем број се собраа пред платото на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје за да го изразат својот револт за трагедијата во Кочани и да им одадат почит на загинатите 59 лица.
Во нивната намера не ги спречи ни дождот.
Заедничкиот час почна со седумминутен молк точно напладне.
Истиот подоцна беше прекинат откако на студентка и се слоши, па беше повикана и Брза Помош.
Од Универзитетско студентско собрание најавија дека заедничката настава и собирите ќе продолжат секој ден сè до 21. март, а за локациите и времето на собирите дополнително ќе информираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Протест во Кочани: На неколку лица им се слоши
(Видео) Цел свет во Кочани, по трагедијата во која загинаа најмалку 59 лица
Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца
Фото/видео: 360 степени