Реки од луѓе се слеа по улиците на Грција на денешните масовните протести по објавувањето на новите докази за железничката несреќа кај Темпи, во која загинаа 57 лица, претежно млади, јавува дописникот на еМагазин од Солун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По нов доказ за железничката несреќа кај Темпи, денеска масовни протести низ Грција
Δεν το έχω ξαναδεί αυτό! H κορυφή στον Βαρδάρη (πλατεία Δημοκρατίας), ουρά στη Θεολογική. Μια από τις μεγαλύτερες συγκεντρώσεις των τελευταίων δεκαετιών στη Θεσσαλονίκη #τεμπη_εγκλημα #Δεν_Εχω_Οξυγονο #Τεμπη pic.twitter.com/WokoFsWzDd
— Stavros Sountoulidis (@sts71) January 26, 2025
Во медиумите беше објавена аудио снимка која покажува дека околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот и товарниот воз, но загинале поради недостаток на воздух и експлозијата во товарниот, кој носел запаливи хемиски течности, за кои медиумите во Грција објавија дека се пренесувале нелегално.
Thousands of people in front of the Greek Parliament during a protest organized by the families of the victims of the Tempi train crash.#Συνταγμα #Τεμπη #Greece #demonstration #protest pic.twitter.com/xYzhc7Lmyh
— Giorgos Stogiannos (@GStogiannos) January 26, 2025
Во снимката која ја шокираше Грција, се слуша како девојка вели: „Не можам да дишам“, „Имам многу малку воздух“, а на крај од повикот и вели на пријателката: „Ќе умреме… Марти, те сакам.“
#Βολος #Τεμπη #Δεν_Εχουμε_Οξυγονο pic.twitter.com/dsdKH74WD9
— slow runner (@antoniouin) January 26, 2025
Δεν το έχει ξαναδεί αυτό η Θεσσαλονίκη. #Τεμπη_συγκαλυψη #Τεμπη_δικαιωση #Τεμπη #τεμπη_έγκλημα pic.twitter.com/6XwFFb06Zt
— Stefanos Damianidis (@dstefanos) January 26, 2025
Grèce : Des milliers de personnes réclament la vérité sur le drame de Tempi à Athènes !#Τεμπη_συγκαλυψη #Τεμπη_δικαιωση #τεμπη_έγκλημα #Δεν_Εχω_Οξυγονο #Τεμπη pic.twitter.com/VbmaRqHGOf
— Alexis🇨🇵🇵🇸 (@_Citoyen_Alexis) January 26, 2025
Amsterdam, Dam Square #Δεν_Εχω_Οξυγονο #Τεμπη_συγκαλυψη #Τεμπη_δικαιωση #Τεμπη #Δεν_Εχουμε_Οξυγονο pic.twitter.com/BKCzYgdIie
— Grigoris Thanásoulas (@gregthanas) January 26, 2025
Масовно се протестираше во Атина, Солун, како и во многу други градови низ Грција, но и низ Европа и светот каде живее и работи грчка дијаспора.
Χαιρετίσματα από τη συμμορία της μιζέριας#Δεν_Εχω_Οξυγονο #Τεμπη_συγκαλυψη #Δεν_Εχουμε_Οξυγονο #ΔενΕχωΟξυγονο #Δεν_Έχω_Οξυγόνο #θεσσαλονίκη #Τεμπη_δικαιωση #Τεμπη pic.twitter.com/vVx1tOL8Ws
— Theodorikas (@thorikas) January 26, 2025
Протестот го организира Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“, кое бара детална истрага за експлозијата во товарниот воз и одговорност за пожарот кој следел по сударот.
Подршка дадоа опозициските партии СИРИЗА, ПАСОК, Комунистичката партија и Нова левица, бројни синдикати, здруженија, навивачки групи, анархистички движења….
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Не забораваме„: Цела Грција штрајкува на годишнината од трагичната несреќа кај Темпи