еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) „Не забораваме„: Цела Грција штрајкува на годишнината од трагичната несреќа кај Темпи

На годишнината од трагичната железничка несреќа кај Темпи во Грција, во која загинаа 57 лица, низ целата земја се организираат протести под слоганот „Не забораваме„, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Најголемиот дел од загинатите беа млади лица.

Протест организира и Синдикатот на вработените во јавниот сектор, кој е подржан и од други федерации, здруженија, синдикати, а од таму на истиот ќе побараат и зголемување на платите и бројот на вработените.

Бродовите не сообраќајат, како и возовите.

Метрото и трамвајот во Атина не работат, а прекин во сообраќајот има и на автобуските линии.

Единствено ќе функционира авиосообраќајот.

Прекин во работата од неколку часа ќе имаат и новинарите.

Фото/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Функционер на ВМРО-ДПМНЕ и вработен во училиште фатен со кокаин, ќе биде исклучен од партијата

Редакција

Вкупно 671 здравствени работници заболеле со Ковид-19, оздравеле 496

Редакција

Србија ја тргна забраната и за извоз на суровото масло за јадење за македонските компании

Редакција