еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Утре во Јавна соба настапуваат Fish in Oil, „џез деликатес“ од Белград

Fish in Oil утре настапуваат на поткровјето во Јавна Соба. Овој концерт се очекува да го посетат сите оние кои сакаат да слушнат автентична џез, но и воопшто добра авторска музика во опуштена атмосфера.

„Ваквите настани како концертот на Fish in Oil, ќе се случуваат сè почесто со што ќе го позиционираат Скопје на мапата на клупски концерти со квалитетна музика”, велат од Јавна соба.

Џез групата Fish in Oil е предводена е од Братислав Браца Радовановиќ, кој е лидер и композитор на истата.

Братислав се занимава со музика уште од раните деведесетти години со музичките истомисленици во Приштина. Потоа Fish in Oil се собира во Белград каде и продолжува да работи само авторска музика, и созрева во сосема дефинираниот, но и исклучително разновидниот композиторски израз на Радовановиќ.

Fish in Oil се појавуваат и на етно и други фестивали како (Балатон), Street food (Темишвар, Клуж-Напока), градските летни (Загреб, Чачак, Шабац, Крагуевац) и разни други фестивали, а покрај фестивалските настапи тука се и неброени клупски настапи во земјата и во странство, меѓу кои и Прага, Минхен, Париз, Виена.

Покрај повеќето национални џез-фестивали (БЏФ, Нишвил, Нови Сад, Панчево, Крагуевац…), учествуваа и на престижните регионални џез-фестивали: Сараево џез-фестивал, Љубљана џез-фестивал, Гарана, Темишвар, Балатон, Церкно, Синѓеорз Беј, Цетиње, Подгорица, Котор, Прилеп… како и на Jazzy Colours фестивалот во Париз.

Актуелната постава ја сочинуваат: 
Братислав Радовановиќ – гитара; 
Ѓорѓе Кујунџиќ – саксофон; 
Бранислав Радојковиќ – контрабас, ел. бас-гитара, Феѓа Франклин – тапани; 
Александар Радојчиќ – удиралки.

Fish in Oil сними и објави пет студиски албуми: Полуостров (СКЦ Крагуевац, 2012), Дрнч (Маском, 2013), Три клуча (Метрополис џез, 2016) – двојно ЦД, Сè ќе биде во најдобар ред (Метрополис џез, 2018),Басамак (Грамофон, Сараево 2022)

Од значајните домашни и странски имиња настапувале и снимале со Марк Рибот, Бојан Зулфикарпашиќ, Матија Дедиќ, Џијан Емин и Георги Шарески, Васил Хаџиманов, Јелена Попржан, Ирина Карамарковиќ, Милош Николиќ, Лука Игњатовиќ, Војно Диздар и многу други.

Билетите за концертот на 29. февруари во Јавна Соба можат да се обезбедат онлајн на следниов линк: drugastrana.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за правда сѐ уште не добило одговор на барањето за екстрадиција на Алил Демири од 2018 година

Редакција

11 лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 159 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Влада: Се затвораат моловите освен за храна и лекови: Купување само преку нарачки и достава

Редакција