Утрово на повеќе места низ Македонија има снег.
Во Скопје побеле Водно, а снег има има и во Делчево, Берово, Пехчево, Македонска Каменица…
Во моментот во делчевско најмногу снег има наврнато на планината Голак, во село Тработивиште, како и на подрачјето на селото Ѕвегор во близина на Граничен премин Делчево.
Од Управата за хидрометеорлошки работи најавија дека до четврток следува променливо облачно и постудено време, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Снег и на Попова Шапка и Пониква
Поради снег во прекин за сообраќај за тешки моторни возила патниот правец Кратово – Пробиштип
Видео: ЈСП/ТВ21фото: Унсплеш