еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата очекува осумте пратеници да не се предомислат за промена на Уставот по притворањето на Јанакиески, Божиновски и Мијалков

Премиерот Зоран Заев се надева дека поддршката од осумте пратеници за измени на Уставот ќе продолжи и покрај притворањето на Јанакиески, Божиновски и Мијалков.

Одговарајќи на новинарско прашање дали притворањето на овие тројца функцонери од ВМРО-ДПМНЕ го доведува во прашање процесот на помирување, со оглед на тоа дека пратеници од независната група најавија дека има можност да не го дадат својот глас за промена на Уставот, Заев смета дека во фазата која следува за промена на Уставот е потребно просто мнозинство и дури во јануари ќе биде потребно двотретинското мнозинство.

-Јас на овој процес во парламентот гледам како на политички дијалог и гледам на начин како преку инклузивни процеси да можеме да го зголемиме мнозинството. Жалам што пратениците истакнуваат дека тоа влијае. Јас се надевам дека ќе останат на своите ставови, заради тоа што процесот како тече дискусијата за нацрт-амандманите на Уставот инклузивноста ќе заврши јавната дебата по втората пленарна седница, која е планирана на 1 декември и ќе ги соопштиме амандманите по кои уште еднаш ќе потврдиме сериозна вграденот на опозициските дискусии и предлози во самите уставни амандмани, што според мене ќе значи потврдување на довтретинското мнозинство, па дури и негово зголемување, рече премиерот Заев.

Додаде дека тоа е само негова надеж, а испрати порака дека правото и правната држава, владеењето на правото се императив во Република Македонија и дека не треба да има никакво мешање во правосудството.

-Понекогаш правосудните органи, Јавното обвинителство, СЈО и судовите гледајќи ја својата работа веројатно влијаат некако на политичкиот процес, но јас верувам дека сите ќе се носиме со оговорноста што ја имаме, пред се, ние полиичарите, делот на парламентот, поради тоа што ова е неповратен процес, којшто нуди шанса која не треба да се пропушти и верувам дека Македонија ќе изнедри сила буквално сите процеси паралелно да течат без еден на друг да направат штета во воспоставувањето и исполнувањето на  конечната цел во парламентот, тоа се уставните амандмани и членството во ЕУ и НАТО, а во правосудството секако е владеењето на правото, независноста на судството и одговорноста на  секој што погрешил пред законот или потврда дека нема докази за било кој што не погрешил, смета претседателот на Владата.

Одговарајќи на прашање дали разговарал со осумте пратеници по апсењето на Мијалков, Заев рече дека со некои од нив има воспоставено контакти и разговарале, но тоа било во функција на продолжување на дебатата внатре во Парламентот.

Пленарната седница почнува на 1 декември, а по неа треба да почне и јавната дебата по предложените уставни измени. Смета дека во овој процес ќе се дознае колку опстојува двотретинското мнозинство, дали се намалува или се зголемува.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КОД: Кога го апселе Мијалков бил во друштво на пратениците Муковски, Василевски и Нола Исмаиловска Старова

Паѓаат ли во вода уставните измени по притворот за Мијалков и азилот за Груевски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ќе продолжи да ја блокира Македонија, повторно даде зелено светло за Албанија: Епилог од седницата на Советот за национална безбедност

Редакција

Обвинение за сопственикот на порталот „Доказ“, формиран и нов предмет

Редакција

Филипче најави нови поликлиники во Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Аеродром и Ново Лисиче

Редакција