Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани, Кристина Атанасова-Арсова денеска е во фокусот на јавноста и медиумите, откако на денешната седница на Советот на Општината, на кој се бираше в.д. градоначалник на Општината, си поднесе оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венко Крстевски избран за в.д. градоначалник на Општина Кочани
Атанасова-Арсова, која на последните локални избори беше носителка на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ им се извини на гласачите и побара прошка за нереализираните ветени проекти и посочи дека истите не биле погодни за раководството на нејзиниот општински комитет, кои, како што рече, понесени од функцијата тргнале по патот на своите амбиции.
„Имав храброст и визија за сите граѓани на Кочани, но бев сама во процесот на реализација, бидејќи во ниту еден момент тие работи не беа погодни за челниците односно раководството на мојот општински комитет.
Бидејќи тие истите водени од своите суети, понесени од моќта на функциите кои за првпат во животот им се случија, тргнаа по патот на сопствените амбиции, заборавајќи ја доктрината на нашата политичка партија.
Ова е страшно недостојно и понижувачки за мене и за сите кои ме гласале. Оние што не ме знаат можат да ме критикуваат, а оние што ме знаат ќе знаат зошто го правам тоа“, рече таа меѓудругото.
Најави дека во иднина ќе се посвети на нејзиниот син, кој е еден од 203 повредени лица во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 61 лице, како и на сите други повредени на кои им престои период на рехабилитација.
„Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете“, рече таа плачејќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил градоначалникот Папазов, кој поднесе оставка поради трагедијата во Кочани
Кој е Ратко Димитровски, кој е уапсен со Љупчо Папазов и Николчо Илијев
Кој е Николчо Илијев, кој е уапсен заедно со Љупчо Папазов и Ратко Димитровски
Фото/видео: 360 степени/М-Нет