еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Со интервенција од д-р Митрев, избегната ампутација на нога кај пациент од Хрватска

На 64-годишниот пациент од Хрватска му е спасена ногата од ампутација со интервенција направена од д-р Жан Митрев, информираат од Клиниката Жан Митрев.

-Слободан Кујунџиќ од малото Истарско место Бузет дојде во Клиника Жан Митрев по неколку направени операции во Хрватска, два периферни бајпаса на десната нога и се соочуваше со можност неговата нога да биде ампутирана.

Пациентот имаше проблеми со протокот на двете артерии на десната нога, но и покрај постојаните болки од тамошните лекари му било кажано дека сите опции се веќе исцрпени и дека ногата треба да биде ампутирана, велат од таму.

На Кујунџиќ, д-р Митрев му направил тробендеректомија на заедничката површинска и длабоката феморална артерија и реконструкција со премостување десно со сопствена вена од левата нога. Интервенцијата поминала успешно и ногата на пациентот е спасена.

„По пребарување на интернет ги прочитав сите пофалби за Клиника Жан Митрев и се уверив дека докторите се стручни. Исто така, стапив во контакт со пријател со истиот проблем на кој д-р Митрев, исто му ја спасил ногата и кој ми ги пренесе сите позитивни искуства. Тоа беше последниот знак дека ако сакам да се излечам морам да дојдам во оваа клиника,“ вели Слободан Кујунџиќ од Хрватска.

Овој 64 годишен пациентот веќе се вратил во Хрватска подвижен и подготвен да продолжи со своето секојдневие.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Калиопи направи спектакуларен концерт во Охрид: Во Охрид се родив, сигурна сум дека тука и ќе заминам

Редакција

Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство

Редакција

ЕСМ ќе постави нови топловодни цевки на опожарениот мост „Беласица“, по добиена дозвола од Град Скопје

Редакција