Со помош на ДНК и гени на други волци во живот се врати древен волк, кој исчезнал пред околу 12.500 години.
Зад проектот стои биотехнолошката компанија Colossal Biosciences од Далас, САД.
Научниците од компанијата создадоа три мали волчиња од расата Canis Dirus или позната како Dire Wolf, користејќи древна ДНК, клонирање и технологија за уредување на гени за да ги изменат гените на сив волк — најблискиот жив роднина на праисторискиот древен волк.
Оваа е всушност хибриден вид кој по изглед наликува на својот изумрен претходник, а беше голема инспирација за мегапопуларната серија на HBO – „Игра на тронови“.
Бил врвен предатор што некогаш живеел во Северна Америка.
Древните волци биле поголеми од сивите волци и имале малку поширока глава, густа светла крзнена обвивка и посилна вилица, посочија од компанијата, која од 2021 година работи и на враќање на мамутот, додото и тасманискиот тигар.
Трите древни волци живеат на површина од 2.000 хектари на неоткриена локација, опкружена со ограда висока 3 метри од тип „зоолошка градина“, каде што се следат од безбедносен персонал, дронови и камери во живо.
Компанијата соопшти дека објектот е сертифициран од Американското хумано друштво и регистриран во Министерството за земјоделство на САД.
Фото: colossal.com/видео: Business Standard