еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Виктор Стојанов, на кој му е забранет влез во Македонија, организира панихида за Мара Бунева во Скопје

Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“, на кој поради омрза кон Македонија и македонскиот народ му е забранет влез во земјава на 12. јануари повикува на собир и панихида за Мара Бунева во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Виктор Стојанов, кој нуди 200 евра за име и презиме на македонски полицаец

Според неговата објава на Фејсбук предвиден е собир во црквата Свети Димитриј, како и на кејот на реката Вардар за положување венци и цвеќиња.

Дали новата провокација на Стојанов ќе предизвика нови тензии помеѓу двете земји, што е очигледно е намерата на источниот сосед, останува да видиме.

Лани едвај десетици претставници на бугарската заедница во Македонија се собраа на кејот на Вардар во Скопје за да ја одбележат годишнината од смртта на Бунева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на бугарската „Преродба“ бара припојување на Македонија кон Бугарија

Фото: Стојанов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалниците на Берлин, Мадрид и Виена разговарале со лажен Кличко, кој е градоначалник на Киев

Редакција

ДИК: До 15 часот излезноста 30,34 проценти

Редакција

Работниците од Непал продолжуваат да бегаат од Македонија, „исчезнаа“ петмина од Охрид

Редакција