еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата бара разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата го задолжи Министерството за правда да преземе активности за поведување на постапка за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.

„Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава.

Најпрво се отвори расправата за последниот Индекс на транспарентност кој беше објавен денес и каде детално можеше да се види дека конкретно четири точки се однесуваат на состојбите кои се случиле во Обвинителството и судството.

Дополнително последното именување за вршител на должност шеф на Вишото Јавно обвинителство во Скопје е одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишана во Законот за јавното обвинителство,“ велат од Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коцевски за одлуката на Владата за негово разрешување: Целокупното мое работење е согласно закон

Македонија падна 12 места на Индексот за корупцијата

Каков имот пријавила обвинителката Наташа Крстевска Цалева, која ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека Хајрулахи е суспендиран

Фото: Јавно обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За да му ги вратат пасошите, Камчев ја зголемил кауцијата на 3.180.000 евра

Редакција

Државен инспекторат за земјоделство вработува 6 службеници

Редакција

Дополнителни консултации дали Виктор Димовски ќе биде амбасадор во Франција

Редакција