Владата ги провери и ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање, информираат од таму.
„Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско постапување.
Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади.
Ако по логиката на Кузевска тоа е прекшување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ,“ информираат од Влада.
СДСМ обвини дека вицепремиерот и министер за животна средна и просторно планирање, Изет Меџити, работел незаконски, презентирајќи документ на Државниот управен инспекторат, со кој, според партијата, официјално ги одзеле ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ