Владата го задолжи Министерството за економија и труд да донесе одлука за 10% ограничување на маржата во трговија на мало и 10% во трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, информираа од таму.
-Но, истата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите и плус да се дополни со бебешка храна, и други непрехранбени производи кај која е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните.
Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување, што се очекува да биде за многу брзо од денес и да трае заклучно до 30.04.2025 година.
Влада им препорачува на сите маркети да започнат процедура за транспарентно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа.
Целта на оваа препорака е да придонесеме поголема транспарентност од каде граѓаните сами ќе можат да одлучат во кои од маркетите ќе пазарат, да ја видат разликата во цените, а цениме и дека ваквиот пристап кој има карактер на препорака, а не на ограничување ќе придонесе кон некое усогласување на самите цени на производите, велат од Влада.
Дополнително Владата го задолжи и Министерството за економија и труд да организира итен работен состанок со сите надлежни институции како што се Државниот пазарен инспекторат, министерствата за финансии и земјоделие, Комисијата за заштита од конкуренција и други кај што ќе може да се разгледуваат и други предлози и мерки коишто ќе имаат долгорочно решавање на оваа состојба.
Исто така, се донесе и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година во која се предвидува лицата коишто ги исполнуваат условите коишто се предвидени во оваа програма, да се стекнат со финансиска поддршка и тоа намалување на месечна сметка за потрошена електрична енергија од илјада денари во времетраење од 12 месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се правните механизми за заштита од високите маржи кои изнесуваат и над 40%
Фото: Unsplash