еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Во знакот на пролетта, цветен фестивал од 17 до 21. април во Diamond Mall

Ако сте вљубеници во цвеќињата, кои се симбол на убавата страна на животот, Diamond Mall е вистинско место за вас, информираат од таму.

Од 17 до 21. април, под мотото „Расцветај“, ќе се одржи цветен фестивал, со кој симболично ќе се прослави периодот кога природата раззеленува и расцветува. Во рамките на фестивалот, голем број цвеќарници ќе ги престават своите вештини во изработка на цветни аранжмани за различни пригоди, а ќе споделат и многу иновативни идеи за декорација и украсување.

На цветниот фестивал „Расцветај“ на посетителите ќе им биде понуден голем избор на цвеќиња за внатрешно и надворешно уредување, како и расад од традиционални и нови семиња. Целокупниот асортиман на цветниот фестивал ќе биде достапен по промотивни цени за сите посетители.

Изложбата на цвеќиња, расад и цветни аранжмани во рамките на фестивалот ќе биде отворена за посетители од 11:00 до 19:00 часот.

Овој настан е еден од низата содржини кои се дел од уникатниот концепт на Diamond Mall. Нудејќи врвно искуство, преку комбинацијата на шопинг, забава и дружење, Diamond Mall стана симбол за активен и исполнет социјален живот на Скопје, велат од таму.

Покрај делот за шопинг со 150 продавници, во трговскиот центар се сместени и „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue),  каде што се лоцирани ресторани и кафулиња со разновидна понуда и „Зоната на соништата“ (Dream Zone), најголем едукативно-забавен центар за деца и млади.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Вработените во Владата и Собранието кои не „пљачкаат“ секој ден остануваат на работа“: Твитер за отказот на хигиеничарот кој фрлаше ѓубре во Вардар

Редакција

Забрана за вршење дејност за 30 работодавачи поради непочитување на мерките за топлото време

Редакција

154 лица од заболените со коронавирусот во Македонија со хронична и здравствени состојби

Редакција