еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во кои европски земји луѓето поминуваат најмалку време на работа

Во последните години, во Европа се бележи тренд на намалување на бројот на работни часови, а некои земји се залагаат за воведување на четиридневна работна недела.

Во февруари годинава, во Германија започна експериментален проект на тестирање на работната недела на четири дена. Идејата е, вработените да се обидат да ги завршат работните обврски за четири наместо за пет дена, имајќи еден слободен ден повеќе, а платите да им останат исти.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) состави листа на земја врз база на просечниот број на часови кои луѓето ги поминуваат на работа.

Листа на земји со најкратка работна недела се:

Холандија 29,5 часа

Данска, 32,5 часа

Норвешка, 33,6 часа

Швајцарија, 34,6 часа

Австрија, 35,5 часа

Белгија, 35,5 часа

Италија, 35,5 часа

Ирска, 35,6 часа

Шведска, 36 часа

Финска, 36,3 часа.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на фирмите, опаѓа на граѓаните кои се на Листата на должници на УЈП

Редакција

(Видео) “Твоја Македонија“: ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 24 партии за престојните избори

Редакција

Светот во нова агонија: Нова Јужноафриканска мутација на Ковид-19 детектирана во Британија

Редакција