еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во новиот K MALL трговски центар во Ѓорче Петров божиќен базар и попусти до крај на годината

Општина Ѓорче Петров на 15. декември доби нов трговски центар KMALL, кој со својата модерна архитектура и атрактивни содржини, прилагодени на потребите на современиот животен стил, ќе го трансформираат начинот на живеење и пазарување на жителите на општината.

Со поздравен говор, огномет и сечење црвена лента се означи отворањето на трговскиот центар, по што потрошувачите има можност да ги искористат специјалните промоции во продавниците и да се забавуваат со богата музичка програма на Божиќниот базар.

По повод отворањето, три дена се одржуваа перформанси на музички изведувачи, диџеи и жонглери, како и активности за најмладите, како што се настапи на хорот на „Златно славејче“, цртање лице, но и различни спортски и музички активности.

– Нашата цел е овој простор да стане вистинско срце на општината, каде секој посетител ќе најде свое катче и простор за пазарување, релаксација и ќе помине убави моменти. Една вистинска мала оаза за забава и за опуштање што ни беше главна мисија уште од самиот почеток. K MALL нема да биде само трговски центар, туку и место за средби, социјализација и радост за жителите од сите генерации, посочи управителот на „Кам Имобилиен” во својот поздравен говор.

На отворањето се оддаде и посебна чест на идејниот творец на проектот,  Гоце Камчев, кој за жал не е повеќе меѓу нас. Од Управата споделија дека името и логото се во негова чест, а сите вработени во Камчев Груп заеднички продолжуваат да ја развиваат неговата идеја, мисија и визија.

Отворањето беше проследено со голем број активности, но новогодишните попусти и акции продолжуваат и ќе траат до крај на годината. Сите потрошувачи имаат можност да го посетат Новогодишниот базар, каде секој ден ќе најдат поинаква, богата содржина и ќе минат убав период во овој нов и модерен трговски центар.

Повеќе детали за програмата на Божиќниот базар може да најдете на следниот линк.

Во трговски центар засега се застапени брендовите: КАМ, Sport Reality, Sinsay, Office plus, LL Gourmet, Sara Fashion, Premio optics, a во план се и многу нови содржини и брендови како Зегин, Авиатор и др.

K MALL се простира на вкупна површина од 21.000 м2 распределени во неколку нивоа, со 240 паркинг-места, четири нивоа простории за изнајмување и три нивоа за административни и канцелариски капацитети.

Во рамки на инвестицијата се отворени и 200 нови работни места, а во план е во иднина да се отвори и нов мол од ваков тип во центарот на Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снимена третата верзија на “Вечниот Бог“ со Гиговска, Алабаковски и „Златно славејче“

Редакција

Пред исплатата на дивиденда, Фатмир Етеми, член на НО на Комерцијална купи 500 акции во Банката

Редакција

Кина загрижена поради ескалацијата на ситуацијата во Украина

Редакција