еМагазин
Image default
Бизнис

Во октомври издадени помалку градежни дозволи

Државниот завод за статистика денеска информираше дека во октомври се издадени 325 одобренија за градење, што е за 12,9 проценти помалку во однос на октомври лани.

Предвидената вредност на објектите изнесува 7.539.575.000 денари и е за 47,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената вредност се должи на издаденото одобрение за градење на пругата Бељаковце – Крива Паланка во октомври претходната година.

Најмногу одобренија во октомври годинава се издадени во Скопскиот, 76, Полошкиот, 75, по што следуваат Вардарскиот, 37, Југоисточниот, 34, Пелагонискиот 30…

Најмалку дозволи за градба и во октомври има во Североисточниот, каде биле издадени 13. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (57,5 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 80 (24,6 проценти) за објекти од нискоградба и 58 (17,8 проценти) за објекти за реконструкција.

На 175 (53,9 проценти) од објектите инвеститори се физички лица, а на 150 (46,1 процент) се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 790 станови, со вкупна корисна површина од 71.091 метри квадратни.

Во Скопскиот регион ќе се градат 323 нови станови, од кои 194 во Општина Гази Баба, 53 во Центар, 51 во Петровец.

Во Вардарскиот регион, пак, ќе се градат 209 нови станови, од кои 206 се во Општина Кавадарци. Нови 100 станови ќе има и во Полошкиот регион, од кои половината во Гостивар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската ИТ компанија BtoBet започна со освојување на Северна Америка

Редакција

Вина од Македонија: Цените на грозјето се повисоки од минатогодишните, притисоците и блокадите ќе нанесат непроценливи штети за целата индустрија 

Редакција

Почната постапка за одземање на лиценцата на „Беса Транс“, немала извод од лиценца за автобусот

Редакција