еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во сообраќајката кај Гевгелија загинал 63-годишен маж, два лица се тешко повредени

Во сообраќајката која се случи синоќа кај Гевгелија загинал 63-годишен маж од селото Богородица, а повредени се девет лица, од кои две потешко, информираа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина во сообраќајка со четири возила на патот Гевгелија-Богданци

Во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“ со регистарски таблички од друго возило, управувано од Б.М .(48) од Македонска Каменица, во кое превезувал и криумчарел седум мигранти од Сирија, „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј. (63) од село Богородица, гевгелиско, „хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (42) од Гевгелија и „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ќ. (37) од село Стојаково.

-Во несреќата, од здобиените повреди починал Б.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.М. и Е.Ј. (63), сопатничка во возилото „опел корса“, додека со телесни повреди се здобиле мигрантите, констатирани во болницата во Гевгелија.

Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, информираа од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши доказната постапка, завршните зборови за судскиот процес за пожарот во модуларната болница на 25 април

Редакција

Интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија ќе донесе слобода од руската енергетска зависност, вели Фон дер Лајен

Редакција

Ѓорги Спасов за францускиот предлог: Ни прави ли Франција мечкина услуга?

Редакција