еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во јануари раст на извозот за 5%

Според податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во јануари 2025 година, изнесувал 35 635.8 милиони денари и бележи пораст од 5% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во јануари 2025 година, изнесува 52 262.1 милион денари, што е за 5.9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 16 626.3 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2025, изнесува 68.2%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, други катализатори на носачи и деловите на седишта од подгрупата 821.1.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и платината и легурите на платина, необработени или во прав.

Во јануари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Кина.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов предлог-закон за употреба на македонскиот јазик

Редакција

(Вознемирувачко видео) Најмалку 820 лица загинаа во земјотрес во Мароко

Редакција

(Видео) „За нас“ – музичко првенче на Ања Мицевска

Редакција