еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ГОБ „8 Септември“ ќе стане регионален центар, нов Клинички нема да има затоа што населението старее, рече Клековски

ГОБ „8 Септември“ Скопје ќе стане регионален центар, нов Клинички нема да има затоа што населението старее, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, презентирајќи го овогодишниот буџет на фондот „План 2025“.

„Нам демографијата ни паѓа, со текот на годините имаме сѐ помалку население, така што мораме да ги погледнеме и бројките на осигуреници и на пациенти.

Второ, дел од капацитетите не се искористени како што треба. Од сите постоечки капацитети во Македонија, најблиску до стандарди за нешто повеќе, вклучувајќи и за универзитетска клиника, има „8 Септември“,“ рече Клековски.

Тој потенцираше дека во оваа болница се изведуваат методи кои не се изведуваат на клиниките.

„Тука гледаме најмногу потенцијал, со најмало вложување да добиеме најдобар одговор. Освен Онкологијата, мислам дека ќе бидат најавени нови проекти, како на пример Нефрологија,“ рече Клековски додавајќи дека за оваа идеја се потребни законски измени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МИК „Свети Николе“ го доби тендерот на МВР за набавка на свежо месо вреден 479.000 евра

Редакција

(Фото) Зоки Фаци замина на лекување во Турција, хуманите граѓани ги поздрави од аеродром

Редакција

Во март годишен раст од 6,8% на депозитите и од 6,6% на кредитите

Редакција