еМагазин
Image default
Македонија

Калина Гривчева Старделова реизбрана за претседател на Лекарската комора

Проф. д-р Калина Гривчева Старделова е реизбрана за претседател на Лекарската комора на вчерашната конститутивна седница на Собранието на Комората која се одржа во просториите на Градската општа болница „8ми Септември“.

Од присутните 75 делегати на Собранието поддршка на проф. д-р Гривчева Старделова дадоа 51, додека за другиот кандидат доц. д-р Емилија Велковска гласаа 24 делегати, се наведува во соопштението од Лекарската комора.

Собранието ги избра и членовите на другите органи и тела кои ќе ја водат Лекарската комора во следните четири години. За заменик-претседател е избран д-р Беким Исмаили, додека за потпретседатели се избрани д-р Љупчо Стефановски, д-р Маја Манолева и д-р Алберт Леши.

За нов претседател на Собранието е избран д-р Висар Муча, а за потпретседатели на Собранието на Комората д-р Александар Димовски и д-р Берат Лена.

Нови членови на Извршниот одбор се д-р Лилија Чолакова Дервишова, д-р Дафина Караџова, д-р Кадри Хаџихамза, д-р Тодор Кичуков, д-р Мевлудин Куч, д-р Илбер Бесими, д-р Дениел Поповски, д-р Илир Шурлани и д-р Џабир Бајрами.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново рочиште за „Талир“: Илија Димовски побара одлагање поради „старост“ на поротниците, судијата го одби

Редакција

Кој се е кандидат: Почнува кампањата за избор на градоначалник на Штип

Редакција

Дојава за бомби и во “Мериот“, ФФМ, салата „Борис Трајковски“, 10 скопски и за првпат и во битолски училишта

Редакција