еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој се е кандидат: Почнува кампањата за избор на градоначалник на Штип

Петмината кандидати кои влегоа во трката за избор на градоначалник на Штип од денеска ја почнуваат кампањата на терен. Едногласни дека во ова време е најважно е здравјето на граѓаните, па митинзи и собири по населбите, како што велат нема да имаат.

Промоцијата на нивните програми и кои ќе им бидат приоритети ќе ја прават преку медиумите, социјалните мрежи, билборди, а флаерите ќе ги делат на дистанца.

Кандидати за градоначалник се Симон Поликарп од Интегра-Македонска кознервативна партија, Сашко Николов од СДСМ, Трајче Митев независен кандидат, Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“ и Лазар Наумов од партијата ТМРО.

Изборната кампања почнува од денеска, а ќе трае до 10 декември. Формирани се пет лекарски избирачки одбори за Штип, ковид болните и оние кои имале контакт со нив ќе гласаат на 11, болните и изнемоштени и осудените лица на 12, а на 13 декември е првиот изборен круг.

Гласачките места ќе се отворат во 7, а ќе се затворат во 19 часот.

Во Штип има вкупно 77 избирачки места, а бројот на гласачите ќе се знае со добивање на доверливиот материјал. Ковид болните и изолираните за гласање ќе се пријавуваат по електронски пат, додека болните и изнемоштени лица рокот за доставување на документацијата им е до 5 декември.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дескоска: Грчкото министерство за правда сѐ уште без одговор на барањата за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Редакција

(Фото) Кајакарење пред Владата

Редакција

МВР: Спречен можен терористички напад од поддржувачи на ИСИС

Редакција