еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дојава за бомби и во “Мериот“, ФФМ, салата „Борис Трајковски“, 10 скопски и за првпат и во битолски училишта

На електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), хотелите Александар палас и Мериот, трговскиот центар Ист Гејт, спортската сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прва дојава за бомба на настан на кој требаа да учествуваат премиерот и министри во Александар палас

Дојава за бомба и на скопскиот аеродром, откажани се сите летови

Дојава за бомба пристигнала и до средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, од каде се евакуираат учениците.

Дојави за поставени бомби, како што објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, има во училиштата „Григор Прличев“, „Наум Наумовски Борче“, „Крсте Мисирков“, „Кирил и Методиј“, „Крум Тошев“, „25 Мај“, „Дане Крапчев“ и „Наум Охридски“.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

– Апелирам на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во вакви случаеви. Досега сите дечиња се на безбедно, евакуирани од просториите на училиштата и се во придружба на наставниот кадар.

Веднаш по информациите разговарав со надлежните во полициската станица од општа надлежност Гази Баба со цел веднаш да се превземат сите неопходни мерки за проверка на пристигнатите информации.

Излезен сум на терен заедно со вработени од општинската администрација со цел увид на спроведувањето на протоколите за евакуација. Се ставаме целосно на располагање за безбедно згрижување на сите дечиња, напиша Стефковски.

Поради дојавата за поставена бомба во хотелот „Александар палас“, откажана е денешната годишната конференција на Стопанската комора на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Меѓу учесниците на конференцијата во „Александар палас“ беа и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии, Фатмир Бесими.

Ова е прв случај на дојава за поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари.

Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Закани за убиства на невини луѓе, до „северномакедонската“ влада, премиерот и неговата партија во дојавата за бомба во Куманово

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 17,3%: Минатата недела регистрирани 2.275 нови случаи на Ковид-19

Редакција

ОН: Бројот на убиени цивили во Украина е над 6.884, од кои 429 се деца

Редакција

Пуштен во употреба One-stop-shop на Ќафасан, граничниот премин со Албанија

Редакција