еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Летовите не се откажани, но сообраќајот моментално е запрен, велат од ТАВ Македонија

Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa, информираат од ТАВ Македонија.

„Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот.

Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред,“ се додава во соопштението.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР ќе го испитува случајот со тепањето на копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“

Редакција

Извршен вонреден надзор во триесет предмети поврзани со Рамиз Мерко, кој се уште е градоначалник

Редакција

НБРМ: Цената на горивата допрва ќе расте

Редакција