еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Грејната сезона продолжува поради влошените временски услови

Од ЕСМ АД Скопје ги информираат потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кои управуваат компаниите формирани од ЕСМ, како и подружницата Енергетика, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Од таму велат дека оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи.

Снабдувањето со топлинска енергија, согласно регулативата, по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена, до 30. април, во зависност од временските услови.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15. април секојдневно ја носи РКЕ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

За информации, рекламации или пријави на дефекти, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи.

За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина

Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100.

За потрошувачите на ЕСМ- Енергетика

Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405
Центар за грижа на корисници (понеделник-петок,07.00–19.00): 02 3104 816
Рекламации за квалитет на греење (понеделник-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски во Вилнус се сретна со Мицотакис: Грција останува силен партнер на Македонија на патот кон ЕУ

Редакција

Детали од МВР за пресметката во село Љубош во која беа застрелани две лица

Редакција

Високата цена на струјата ја зголеми цената и на градежните материјали

Редакција