еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Групата на Палевски, неофицијално, имала списоци за изнуди и ликвидации, вели Ременски

Групата на осомничениот за убиство и грабнување на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо Палевски, неофицијално, имала списоци за изнуди и ликвидации, вели универзитетската професорка од Факултетот за безбедност, Фросина Ташевска Ременски во разговор за Гласот на Америка.

Таа смета дека треба да се прошири истрагата за групата на Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало многу порано да се реагира.

„Таа група, според моите неофицијални информации, имала многу поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации. Постоеле списоци за изнуди. Постоеле списоци за заплашување, списоци за киднапирања, што значи дека ова е предизвик за истражните органи. Предизвик за полицијата, за безбедносните служби.

Да ги осуетат плановите и да ги претстават во јавноста и тоа да им биде дополнителна одговорност во целиот овој случај,“ вели меѓудругото Ременски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вања била врзана и изнесена од зградата преку подрумите во зградата каде живееше?

Кога Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија, за еден месец или за повеќе?

„Несфатливо ми е, како и зошто моето преубаво девојче сега е во гроб,“ вели мајката на Вања за српска „Република“

Фото: Ременски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 128 од Ковид-19, најмногу од Скопје 57

Редакција

Усвоен ребалансот на буџетот: Кој ќе добие помош од држвата?

Редакција

ДУИ „ќарила“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ изгубиле пратенички мандати

Редакција