еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Гушнете ги најблиските и кажете им дека ги сакате, вели Стојанов, првиот повреден во пожарот во Кочани, кој се врати од лекување во странство

Дарко Стојанов, кој е родител, е првиот повреден во пожарот во Кочани, кој се врати од лекување во странство.

Тој се се лекуваше во Клиничкиот центар во Белград, Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дарко Стојанов е првиот повреден од пожарот во Кочани, кој се врати од лекување во странство

Откако се врати во Македонија се огласи на Фејсбук и се заблагодари на сите за подршката.

-Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро.

Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат.

Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните кој што се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, раната на душата кој ќе крвари во мене до крајот на мојот живот.

Благодарам на сите институции кои беа вклучени во организирањето и реализацијата за лечење во Србија и останатите земји.

Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои.

Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за се што прават. Се надевам дека ови херои што побрзо ќе добијат се што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.

Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот персонал од Клинички центар Србије.

Моите деца се уште имаат татко благодарение на докторите, и неверојатните медицински сестри и техничари од Клиниката. Тоа беа моите ангели чувари. Благодарам српски народе!

Посакувам што побрзо закрепнуваење на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.

Гушнете ги најблиските, фамилијата, пријателите. Кажете им дека ги сакате. Никогаш не можеете да знаете кога е тоа за последен пат!, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Херојот Јован Костадинов доби стипендија од Алкалоид

(Видео) Аплаузи и прегратки за херојот Јован, кој излезе од болница

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Фото: Фејсбук/Стојанов/Тв Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали од извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија

Редакција

Што може да ви помогне кога акните ненадејно ќе се појават?

Редакција

Плата над 31 илјада денари плус додаток за станбено обезбедување: Објавен оглас за прием на 150 професионални војници

Редакција