еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Да се спречат практиките за партиски договорни вработувања во јавната администрација, велат од Антикорупциска

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во рамки на своите надлежности, има обврска да спроведува превенција и да презема мерки за спречување на можни злоупотреби на службена положба, судир на интерес и незаконско постапување, информираат од таму.

„ДКСК укажува дека актуелните најави за вработувања во јавната администрација, од страна на одредени политички субјекти во Република Северна Македонија, не смеат да бидат предмет на договор на политички структури. Секое вработување мора да биде во согласност со закон, по мерит систем и без никакви влијанија.

Само на овој начин, почитувајќи ги законските регулативи, ќе овозможиме враќање на довербата на граѓаните во институциите на системот, ќе спречиме коруптивно однесување, трговија со влијанија и партиски клиентелизам.

Секоја изјава за “договорни“ партиски вработувања во јавната администрација ја нарушува довербата на граѓаните во јавните институции и генерира ризици од корупција во постапките за вработувања.

Ве информираме дека, во насока на остварување на своите превентивни законски надлежности, ДКСК веќе направи антикорупциска проверка на предложените закони за вработување во јавниот сектор и на предлагачот му укажа на можните ризици од корупција кои истите ги генерираат,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се очекува значителен пад на цената на нафтата

Редакција

Владата ја осуди иконографијата на концертот во чест на Курти, МВР ќе истражува кој го вееше знамето со карта на „Голема Албанија„

Редакција

Стефан Богоев за случајот „Рекет“: Се што знам кажав во Обвинителство

Редакција