За еден месец во Затворот Куманово се случија две самоубиства на затвореници.
Во саботата се обеси Усеин Рашидов, убиецот на Танкица Маладеновска од Кочани, која лани беше усмртена со 40 убоди со нож.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во затворот во Куманово се самоуби убиецот на жената од Кочани која беше усмртена со 40 убоди со нож
Тој беше осуден на доживотна казна затвор, а неговото беживотно тело беше пронајдено во сабота во 6 часот наутро во неговата ќелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во кумановскиот затвор се обесил осомничениот за убиството на сестра му и внукот во Габреш
На почетокот на мај пак во истиот затвор се обеси осомничениот за убиството на сестра му и внукот, Д. Ѓ. (67) од кумановското село Габреш.
Тој беше осомничен и за обид за убиство и на друг внук.
Се обеси со чаршаф кој го врзал за кревет на кат, додека во притворската ќелија имало уште еден притвореник кој спиел.
Фото: Влада