еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дебарски бањи – Цапа ги објави платите на членовите на Одорот на директори

Дебарски бањи – Цапа АД Дебар е една од ретките фирми во Македонија која ги објавувања платите и надоместоците на Одборот на директори (ОД).

Традиционално и годинава во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, ја соопшти таа информација.

Меџит Цапа, председател на ОД, пензионер, лани имал годишно примање од 145.000 денари – награда како неизвршен член на ОД.

Албиона Риза, која е извршен директор имала нето плата од 124.300 денари.

Трим Ќемали, заменик извршен директор имал 124.300 денари нето плата.

Шпреза Цапа, неизвршен член на ОД, пензионер, добил 145.000 денари како награда за членството во Одборот.

Никола Темелкоски, неизвршен и независен член на ОД, пензионер, добил 40.000 денари како награда за членството во Одборот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебарски бањи Цапа лани со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ повикува на формирање „коридори и паузи“ за помошта да пристигне во Газа

Редакција

Судијата кој што 9 месеци го чуваше предметот за прислушувањето и го спаси Мијалков од казна, ќе зема 20% помала плата следните 6 месеци

Редакција

Убава вест: 137 оздравени пациенти од Ковид-19, дури 108 од Скопје

Редакција