еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судијата кој што 9 месеци го чуваше предметот за прислушувањето и го спаси Мијалков од казна, ќе зема 20% помала плата следните 6 месеци

Судијата Енвер Беџети од Апелацискиот суд во Скопје кој што девет месеци го чуваше предметот „Тврдина-Таргет”, кој се однесува на масовното прислушување, ќе зема 20% помала плата следните шест месеци, одлучи Судскиот совет.

Чувајќи го во фиока, тој овозможи предметот „Тврдина-Таргет” да застари и со тоа првообвинетиот Сашо Мијалков, поранешен прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), да се спаси од казна.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на поранешното Специјално јавно обвинителство освен Мијалков, беа обвинети и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви.

Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Енвер Беџети, еден од судиите кои одлучуваа за пресудата на Мијалков за масовното прислушување

Судијата Енвер Беџети со месеци го “чувал“ предметот „Таргет-Тврдина“ за Мијалков во фиока

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хаос во Будва: Специјалци го уапсија градоначалникот и уште неколку локални функционери

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Наместо да ги прекине нападите на Газа, Израел ги засили

Редакција

Го знаете овој човек? Министер е и не се „бави“ со нас, ама го плаќаме со 72.621 денари секој месец

Редакција