Денеска времето ќе биде променливо облачно по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд.
Утринските температури ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните ќе бидат до максимални 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со појава на магла и со слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе биде 11 степени.
Утре ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 лм2).
На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка.
За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, а температурите значително ќе се намалат и ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.