еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

Денеска почнуваат преговорите за нова влада помеѓу победникот на парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Вреди“, составена од партиите Беса, Демократско движење, Алтернатива, но и “симпатизери“ на партијата Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти.

Како што најавија преставници на ВМРО-ДПМНЕ, работната група на партијата ќе ја предводи претседателот Христијан Мицкоски, потенцијалниот мандатор за составување на нова влада.

И покрај тоа што во медиумите веќе се појавија бројни неофицијални информации за поделба на министерства и други функции, на денешната средба според официјалните најави, двете страни треба да ги преставааат своите стартни позиции.

Како и да е, се поизвесно станува дека коалицијата „Вреди“ ќе биде коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во идната влада.

Дали ќе влезат и други партии во владата ќе стане појасно деновиве.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов состав на Собранието во следните 20 дена

ДУИ има повеќе пратеници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има 58

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Холандската амбасада го демантира бугарски „24 часа“: Лажна е веста дека Холандија стои зад бугарското вето

Редакција

Етикетирањето на медиуми од страна на Ахмети е опасно, регираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници

Редакција

Тендер тежок 40 милиони денари: Кој ќе ги осигура вработените во МВР?

Редакција