Цените на нафтените деривати од вечерва на полноќ се намалуваат во просек за 1,86%, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за 1,5 денари.
Со новата одлука, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 80 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 82 денари за литар, а на дизелот 74,50 денари за литар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.