Од Македонската берза информираа дека согласно Одлука на Одборот на директори на Берзата, на друштвото Агромеханика АД Скопје, кое котира на Официјалниот пазар на Берзата, на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација.
-Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена од денот на суспендирање (29.01.2025 година), и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.
За времетраењето на долгорочната суспензија од котација издавачот Агромеханика не го губи статусот на котирано друштво, но е должен во односите со трети лица и во јавноста да истакнува дека е долгорочно суспендиран од котација на Берзата.
Воедно, за времетраење на мерката долгорочна суспензија, Агромеханика нема постојани обврски за известување согласно Глава VI од Правилата за котација.
За времетраење на мерката долгорочна суспензија, хартиите од вредност издадени од Агромеханика се тргуваат на Редовниот пазар на Берзата, на подсегментот Слободен пазар, при што за издавачот важат законските обврски за известување за тој подсегмент.
Со донесената Одлука за долгорочно суспендирање од котација се укинува Заклучокот од 10.11.2020 година за внесување на Агромеханика на Листата за набљудување и врз основа на тоа издавачот се брише од Листата за набљудување, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јавна опомена од Македонската берза за Агромеханика