еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Достоинство на Стојанче Ангелов ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, излезе од коалицијата со СДСМ

Лидерот на владејачката Достоинство, Стојанче Ангелов, кој е директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска информираше дека неговата партија излегува од коалицијата со владејачката СДСМ.

Партијата донела таква одлука поради неисполнети очекувања за надминување на проблемот со кој се уште се соочуваат необесштетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати македонски бранители.

-Иницијативите на Достоинство поднесени до Владата и Собранието, со кои нудевме решение на овој апсурден проблем, добиваа постојана подршка од страна на Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но, поради противењето на ДУИ истите не поминаа.

Покрај моите јавни укажувања, за нашата намера да ја напуштиме оваа коалиција благовремено го известив врвот на СДСМ. Притоа им се заблагодарив за досегашната коректна политичка соработка вклучително и за моето именување за директор на ЦУК, особено за можноста да работам со полн капацитет, со целосно одврзани раце и константна подршка од страна на Владата.

Се заблагодарив и за покажаната толерантност кон моите јавно искажани политички ставови и мислења за некои прашања и состојби во Македонија, а кои се косеа со официјалните ставови на СДСМ.

Воедно на генералниот секретар Зечевиќ и на претседателот Ковачевски им предложив, до претседателот на владата, да понудам оставка на мојата позиција директор на ЦУК, но од нивна страна тоа не беше прифатено поради што останувам да го предводам ЦУК до формирањето на следната политичка влада.

Секако дека проблемот со необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители не е единствената причина поради која излегуваме од коалицијата предводена од СДСМ, но поради политичка коректност во овој момент немам намера да навлегувам во понатамошни објаснувања, изјави Ангелов.

Минатата недела раководството на Достоинство донела едногласна одлука да ја прифати можноста да влезе во коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

-Во разговорите со ВМРО ДПМНЕ пратеничко место ниту баравме, ниту ни беше понудено. Нашиот фокус како репрезент на македонските бранители од 2001 година не е освојување на пратеничко место, туку барање на решенија за проблемите на припадниците на безбедносните сили, учесници во одбраната на Македонија во 2001 година, како и борба за нивните права.

Како дел од коалицијата предводена од СДСМ успеавме да помогнеме на многумина македонски бранители и на членови на нивните семејства, но не успеавме да избоксуваме системски решенија кои би се однесувале на сите бранители.

Од преговорите со ВМРО ДПМНЕ, како и од моите повеќекратни непосредни средби со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски како и со пратеникот Ковачки, кој и самиот е бранител од 2001., слободно можам да кажам дека сме на добар пат да реализираме некои од нашите барања за што дополнително ќе ги известиме бранителите, но и целокупната македонска јавност, изјави тој.

Фото: Фејсбук/Ангелов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески во јуни излегува на слобода

Редакција

На 20 август избори за градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа

Редакција

(Видео) Најмалку 31 загинати: Крвави протести во Иран по убиство на девојка која неправилно носела хиџаб

Редакција