еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

До крајот на годината над 90% од потрошувачите ќе имаат евтина тарифа

Броилата на кои први им се укинала евтината тарифа, сега први добиваат евтина тарифа и ниту еден корисник нема да биде оштетен.

„До крајот на месецот сите броила ќе бидат сетирани на новата евтина тарифа, освен тие кои се недостапни како: броила во затворени објекти, викендички и слично. Првите потрошувачи кои имаат далечински броила веќе добија евтина тарифа.

Останатите потрошувачи ќе можат да користат евтина тарифа до крајот на годината, кога се очекува евтината тарифа да биде инсталирана на над 90% од броилата,“ објаснува првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

На сетирањето на броилата на евтина тарифа се работи секојдневно, а на секое броило сетирано од овластените стручни екипи ќе појавува опцијата Т1 за висока тарифа и Т2 за евтина тарифа. Така, секој потрошувач ќе може точно да види на која тарифа е моменталната потрошувачка. Овие ознаки се јавуваат само кај броилата кои веќе се сетирани.

Постапното воведување на евтината тарифа е техничка работа, а на ист начин се реализираше и укинувањето на евтината тарифа. Имено, и тогаш овластените екипи постепено ги сетираа броилата, бидејќи овој процес и тогаш се вршеше рачно.

Бислимовски потенцираше дека екипите на ЕВН не можат одеднаш да ги сетираат сите броила и додаде дека ниту еден граѓанин нема да биде оштетен, алудирајќи на сметките.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство денеска започна со испитување на очевидци на автобуската несреќа

Редакција

Во последните три дена 614 нови случаи на Ковид-19, оздравени 1.014, починати 10 лица

Редакција

Албанија ќе и ги врати на Македонија незаконски изнесените икони, законското решение доставено до Собрание

Редакција