еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Албанија ќе и ги врати на Македонија незаконски изнесените икони, законското решение доставено до Собрание

Владата го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка меѓу Македонија и Албанија за враќање незаконски изнесени икони во земјата на потекло, предложен од Министерството за надворешни работи и одлучи да го достави до Собранието.

-Со ратификацијата на Договорот, според образложението од Министерството за надворешни работи, исклучително вредното културно наследство, за кое претходно се договорија Северна Македонија и Албанија, ќе биде вратено во Северна Македонија.

Ова ќе ги продлабочи и унапреди културните односи меѓу Северна Македонија и Албанија и ќе ја манифестира сериозната посветеност на двете држави во ефективната заштита на културното наследство и имплементацијата на меѓународните конвенции од оваа област, информираат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

20 вредни икони кои им припаѓаат на македонските цркви, ќе бидат вратени од Албанија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Албанија задолжителна вакцинација и за администрацијата, полицијата, фармацевтските работници

Редакција

Во нивниот дом во Табановце пронајдени две починати лица со повреди

Редакција

Владата објави список со актуелните „тајни хонорарци„

Редакција