еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Државна лотарија го демантира ВМРО-ДПМНЕ

Повторно соочени со дезинформации изнесени од страна портпаролот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Државна лотарија смета дека е од огромна важност да ја информира пошироката јавност, како и играчите на игрите на среќа за вистинитоста на фактичката состојба, реагираат од Државна лотарија.

-Оваа манипулација со неточна информација на опозициската ВМРО ДПМНЕ ја демантираме и побиваме во целост како невистинита и паушално изнесена.

Државна лотарија во ниту еден момент во период од декември 2022 година заклучно со декември 2023 година нема склучено 9 договори за машини за коцкање, сите по 500 апрати во вкупен број од 4.500 апарати.

Доколку опозициската ВМРО ДПМНЕ изврши јасна анализа на склучените договори за набавка на видеолотариски терминали за игри на среќа објавени на системот на Бирото за јавни набавки ќе утврди дека во ниту еден момент Државна лотарија не фигурира како договорен орган за било кој од погоренаведените договори.

Овие информации изнесени од страна на опозициската ВМРО ДПМНЕ кои притоа и погрешно се анализирани имаат единствена цел да извршат дезинформација на јавноста а со тоа и да се наштети на имиџот на Државна лотарија.

Повторно укажуваме дека Државната лотарија после сите напади и дезинформации покажа и докажа пред надлежните институции и јавноста дека сите набавки се прават согласно законските прописи кои се во сила.

Државна лотарија ќе продолжи и во иднина да работи врз основа на важечките закони на Република Северна Македонија, и истата нема да дозволи дезинформаторите да го нарушат авторитетот на ниту еден од вработените во Државната лотарија на Северна Македонија, стои во реакцијата на компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште 30 дена притвор за Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец

Редакција

(Фото) Мартин Вучиќ: Полна сала за Танец во Мелбурн, полно срце

Редакција

Нови 872 случаи на Ковид-19 од 3.394 тестирани

Редакција