Експлозија на водниот канал „Ибар-Лепенец“ кај Зубин Поток го прекина водоснабдувањето на северот на Косово.
Косовската полиција соопшти дека е „нападна критична инфраструктура на земјата, а од увидот на стручни тимови на местото на настанот е заклучено дека експлозијата била намерна, што го прави овој напад терористички и криминален чин.“
Поради експлозијата настанало истекување на големо количество на вода, поради што е започната санација.
Во тек е координацијата на акциите на терен од страна на институциите на Косово, а во врска со случајот се известени и меѓународните безбедносни институции.
Последните неколку денови има зачестени инциденти на северот на Косово. Во Звечан, една од општините со мнозинско српско население беа фрлени рачни бомби врз полициската станица, а потоа и во дворот на општината.
На езерото Газиводе, поради експлозија, уништен е каналот што се користи за ладење на термоцентралата кај селото Вараге, со закана дека термоцентралата ќе престане да работи.
Фото: Еулекс Косово