еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Директорката на основно училиште во Петровец дури денеска го видела мејлот за дојава за бомба испратена вчера

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во однос на дојавите за бомби во училиштата кои од вчера повторно се актуелни, вели дека приоритет треба и се даде на истрагата, но дека ќе треба да се размисли овие објекти да имаат обезбедување, бидејќи само во едно од средните училишта во Скопје кое има свое обезбедување, досега немало дојава за бомба.

– Овде во Скопје, според информациите коишто ги имаме, само едно од средните училишта има свое обезбедување и таму не се појави никогаш пријава дека има лажна дојава за бомба. Нормално е дека приоритет и се дава на истрагата и веднаш после завршување на вештачењето ќе има реализација во овој дел.

Прашањето е дали овие хибридни закани одат од еден центар или од повеќе центри. Веќе многу е распространето не само кај нас, туку и во соседството. Сега имаше дојави и во други држави на ЕУ и сето тоа се зголеми после руската инвазија на Украина, изјави Спасовски, посочувајќи дека има осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има осомничени лица за дојавите за бомби во скопските училишта, вели Спасовски

Во однос на денешните дојави за бомби, рече дека во тек е проверката за Крива Паланка, а за дојавата за бомба во основно училиште во Петровец, појасни дека се работи за вчерашна дојава стигната на меил на директорката на училиштето.

– Директорката вчера воопшто не го видела мејлот и не го пријавила, дури денеска го видела и пријавила. Бидејќи имаме повеќе училишта со име „Кочо Рацин“ моравме да извршиме проверка кај сите нив. Во тек е проверката и за Крива Паланка, рече Спасовски.

Тој повтори дека дојавите доаѓаат најчесто од заштитени адреси од странство од каде е тешко да се дојде до факти и информации, поради што и не може да се покрене постапка. Спасовски вели дека е извршена комуникација со партнерските организации и дека преку меѓународна правна помош ќе мора да се обезбедат потребните информации и податоци.

– Покренавме и една постапка во Комитетот за борба против тероризмот затоа што такви дебати веќе се водат и во развиените земји. Мора да го измениме протоколот во којшто ќе се цени реалноста и објективноста во однос на постапувањето, меѓутоа сега таков е протоколот и мораме така да постапуваме, рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојава за бомба и во основно училиште во Крива Паланка

Лажни дојави за бомби и денеска во три основни училишта во Скопје

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Од птичји грип угинале над 500 пеликани во грчкиот дел на Преспанско Езеро

Редакција

Макпетрол: Цената на природниот гас за март ќе биде за 11% пониска

Редакција

Што пишуваат грчките медиуми за распуштањето на Собранието?

Редакција