еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ вработува над 500 лица, од државната компанија велат дека им фалеле работници

Државната компанија Електрани на Сверна Македонија (ЕСМ) АД Скопје распиша огласи за вработување на над 500 лица во РЕК Осломеј, РЕК Битола, ХЕЦ Црн Дрим…

Се бараат хигиеничари, хаус- мајстори, курири, возачи, технички секретари, инженери, електричари, сметководители, а платите кои се нудат се движат од 30.000 до 60.000 денари.

Од компанијата велат дека објавиле огласи за вработување, еден месец пред формирањето на техничката влада, оти им фалеле работници

-Во АД ЕСМ од почетокот на 2020 година до крај на 2023 година бројот на вработени се намалил за 1.190, од кои над 76% биле со работни места во производствениот процес, а над 23% административни работни места.

Најголем процент од оние кои заминале, бил по основ одење во пензија, но и поради други причини вклучувајќи го и заминуавњето во приватниот сектор.

Изминатата година кога се соочивме со енергетската криза, се осети сериозна потреба за нови вработени особено во делот на производство на електрична енергија. Потребите за електрична енергија се исти и поизводството е потребно да продолжи со исто темпо, да остане сигурно и стабилно, а за тоа се потребни стручни лица кои ќе го овозможат.

АД ЕСМ има најголема потреба од вработени во производствениот процес и останат помошен персонал, токму затоа над 87% од огласите за врабтување се однесуваат токму на ваков кадар, само 12% се однесуваат за работни места во административниот дел, но во функција на производствениот процес, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршува вонредната состојба: Трговците ќе може повторно да ги зголемуваат цените на маските и храната

Редакција

Околу еден милион граѓани ги смениле документите, нема да има казни за оние што ќе задоцнат

Редакција

Убава вест: Во Македонија излекувани 98 лица заразени со коронавирусот

Редакција