Бензинот Еуросупер БС-95 од вечерва на полноќ поевтнува за два денари, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Согласно новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 74,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 78,50 денари за литар, дизелот по цена од 69,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по цена од 68,50 денари за литар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.