Жена од Скопје починала откако вчера била прегазена од автомобил.
Станува збор за В.М. (72), во која на крстосницата од булеварот.„Партизански одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“ удрило патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(30) од Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Жената со тешки телесни повреди била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, па била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починала.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.