еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Жито Лукс со драстичен раст на добивката во првиот квартал

Во првите три месеци од годинава, Жито Лукс АД Скопје, остварил добивка пред оданочување во износ од 2,2 милиони денари, што претставува подобар резултат за 2,1 милиони денари споредбено со минатогодишниот резултат, информираат од таму преку Македонската берза.

-Оперативниот профит е зголемен за 1,6 милиони денари. Бруто добивката е зголемена за 15 милиони денари, при што се реализираше бруто маржа од 33%, велат од таму.

Вкупните приходи од продажба се зголемени за 1% во споредба со минатата година.

-Компанијата го зголеми обемот на продажбата за вкупно 27%, но поради пониските цени, ефектот на вредност е +1%. Просечните продажни цени на главните категории производи беа намалени – кај традиционалниот леб за 23%, додека кај брашното за домашна употреба за 15%.

Останатите оперативни приходи, во износ од 2,8 милиони денари, се зголемени за 51% во споредба со истиот период минатата година.

Трошоците на произведени производи, во износ од 191 милиони денари, се намалени за 6% споредбено со минатата година, поради пониската цена на инпутите.

Останатите оперативни трошоци се зголемени за 19%, воглавно како резултат на зголемување на трошоците за рекламирање кои го поддржуваат ребрендирањето на компанијата, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За членовите на НО на Жито лукс месечен надоместок од 300 евра

Жито Лукс лани со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство

Редакција

Каков имот пријавил Арбен Таравари, старо-новиот градоначалник на Гостивар

Редакција

„Макпетрол“ го доби тендерот на ГА-МА за набавка на две возила вреден 76.000 евра

Редакција