еМагазин
Image default
Спорт

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ ќе настапат на Светската карате лига во Анталија

Петар Заборски и Петар Спасеновски, членови на карате клубот „Макпетрол”, ќе учествуваат на претстојниот турнир од Светската премиер карате лига во Анталија.

Меѓународниот собир во турскиот град ќе се одржи од 15 до 17. март.

Заборски ќе се бори во категоријата до 75 килограми, додека Спасеновски ќе се натпреварува во категоријата до 84 килограми.

Тие се единствените македонски каратисти кои обезбедија норма за учество.

Репрезентативците и членови на „Макпетрол“ се меѓу 32 каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што им овозможува да се соочат со најдобрите од светот.

На турнирот во Анталија, во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот ги продолжува борбите во четвртфиналето. Светската премиер карате лига е највисоко рангиран натпревар со најквалитетна конкуренција на спортисти.

Во Анталија ќе учествуваат вкупно 377 каратисти од 60 држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријавувањето на Skopje Run 10K завршува на 1. октомври 2019 или до исполнување на предвидениот број на учесници

Редакција

„Тајмс“: Олимписките игри во Токио ќе се одложат поради Ковид-19

Редакција

(Фото) Македонскиот олимписки тим на дефилето на нациите на 32. Летни олимписки игри во Токио

Редакција