еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Забрането снимање со дронови над Скопје

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на Град Скопје: плоштадот „Македонија,, улицата „Димитрие Чуповски“, булеварот „11 Октомври пред македонското Собрание, улицата „Филип Втори“, булеварот „Гоце Делчев“ до булеварот „Илинден“ и пред Владата.

„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја.

Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство.

Апелираме до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, истите да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агенцијата за цивилно воздухопловство забрани користење дронови на повеќе локации низ Македонија

Агенцијата за цивилно воздухопловство забрани употреба на дронови над Кочани и Штип

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Продолжи отстранувањето на нелегалните тераси во Дебар Маало

Редакција

Вкупно 7.688: Од Ковид-19 починаа 8 лица, дополнително пријавени уште 6

Редакција

Убава вест: 606 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција